Рано утринава регистрирани се два земјотреса. Едниот бил 120 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица, а другиот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Првиот земјотрес бил регистриран во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Тој бил почувствуван од населението во Струмица и околината.
Вториот земјотрес се случил во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Бил почувствуван од населението во Штип и околината.