More

    Навики кои му штетат на здравјето на мозокот и го забрзуваат неговото стареење

    spot_img

    Многу секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот, но истражувањата покажаа дека одредени навики можат да имаат најголемо влијание, или најлоши последици.

    Тоа се премногу седење, недостаток на дружење, несоодветен сон и хроничен стрес.

    „Сепак, она што е добро е фактот дека овие навики најлесно се менуваат“, вели д-р Рудолф Танчи.

    Премногу седење
    Просечен возрасен човек седи шест и пол часа дневно, а сето тоа негативно влијае на здравјето на мозокот. Студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието „PLOS One“, откри како премногу седење доведува до значителни промени во делот од мозокот кој е клучен за меморијата.

    Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанца за да го следат медијалниот темпорален лобус (MTL), регионот на мозокот кој создава нови спомени, кај луѓе на возраст од 45 до 75 години.

    Тие потоа ги споредиле снимките со просечниот број часови дневно што луѓето седат. Оние кои седеа најдолго имаа потенки MTL региони. Според истражувачите, состојбата на MTL може да биде претходник на когнитивното опаѓање и деменција.

    Недостаток на дружење
    Осаменоста е поврзана со депресија и поголем ризик од Алцхајмерова болест и може да го забрза когнитивниот пад.

    Студијата од јули 2021 година откри дека помалку социјално активните луѓе губат повеќе сива мозочна маса, надворешниот слој одговорен за обработка на информации, пренесува Index.hr.

    Несоодветен сон
    ЦДЦ вели дека една третина од возрасните не ги добиваат препорачаните седум до осум часа сон.

    Истражувањето објавено во списанието Sleep во декември 2018 година покажа дека когнитивните вештини како меморија, расудување и решавање проблеми опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер.

    Хроничен стрес
    Хроничниот стрес буквално може да ги уништи мозочните клетки и да го намали префронталниот кортекс, областа одговорна за меморијата и учењето.

    Главен предизвикувач на стрес кај постарите возрасни е пристапот кон сè како работите да треба да бидат токму онака како што ги замислува личноста или нема да бидат добри, објаснува Танчи.

    „Тој начин на размислување може да предизвика негативни реакции кои го зголемуваат нивото на стрес секогаш кога работите не одат како што треба“, вели докторот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img