Холивудскиот актер Брус Вилис стана дедо. Неговата ќерка Румер Вилис на 18 април роди ќерка, а името на девојчето беше објавено на социјалните мрежи.
„Луета Исли Томас Вилис, ти си магија“, напиша Румер покрај фотографијата од новороденото девојче. Румер откри дека девојчето го родила дома.
„Ти си поубава од најубавиот сон“, порача Румер на Инстаграм.
Инаку, Румер е една од трите ќерки кои Брус и Деми ги добија додека беа во брак.
Внуката на Брус Вилис е родена нешто повеќе од еден месец по неговиот роденден. На видеото кое неговата поранешна сопруга Деми Мур го објави по тој повод, се гледа дека сега пензионираниот актер е расположен, но многумина забележале дека знаците на болест се многу видливи.
За потсетување, откако семејството на Брус Вилис во март 2022 година објави дека на актерот му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од актерството, неодамна беше откриено дека му е поставена нова дијагностицирана и дека боледува од деменција.
ФОТО: Инстаграм