More

    Полициска акција во Германија: Паднати браќа кои планирале терористички напади

    spot_img

    Во вторникот германската полиција уапси двајца Сиријци во Хамбург и Кемптен под сомнение дека планирале терористички напади со исламистичко потекло.

    „Двајцата уапсени се осомничени дека заеднички подготвувале напад со радикално исламистичко и џихадистичко потекло, што би го извеле со помош на појас со експлозив“, се вели во соопштението на Државното обвинителство во Хамбург.

    Двајцата осомничени Сиријци се браќа, од кои 28-годишниот живеел во Хамбург, на северот на земјата, а неговиот брат, четири години помлад, во јужниот германски град Кемптен.

    Главниот обвинет, кој беше уапсен во Хамбург, изминативе неколку недели се обидуваше да добие материјал за склопување на експлозивна направа преку платформата Ebay.

    Властите не соопштија дали потенцијалните напаѓачи веќе ја утврдиле целта на нападот.

    Сенаторот (министерот за внатрешни работи) на град-федералната држава Хамбург Енди Гроте ја пофали работата на полицијата и истражните органи во спречувањето на терористичкиот напад.

    „Овој случај уште еднаш покажува дека нашите безбедносни власти мора да продолжат да бидат внимателни за да не заштитат од екстремистички напади“, рече Гроте.

    Јавното обвинителство во Дуизбург во вторникот соопшти дека истражува дали нападот со нож минатата недела во салата во градот бил исто така терористички напад. Во нападот се повредени четири лица, од кои едно потешко.

    Во меѓувреме кај Сириецот осомничен за тој напад биле пронајдени материјали со исламистичка содржина.

    Во последните години Германија постојано беше цел на терористички напади со исламистичка позадина. Во 2016 година, исламист од Магреб влета со камион на божиќен пазар во Берлин, при што загинаа 12 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img