Семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година ќе добијат еднократна финансиска помош од 10.000 денари од Општина Битола, изгласаа советниците по иницијативата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Според иницијативата, финансиската помош им се додели бидејќи, според Советот, се неправедно осудени.
Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола СДСМ ја оцени како злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.
„Тоа е потврда дека во оваа партија предводена од Христијан Мицкоски ништо не е сменето, таму е истата насилничка и режимска матрица. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието“, соопшти СДСМ.