Средба на претседателот Пендаровски со Ангел Тилвар, министер за национална одбрана на Романија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за национална одбрана на Романија, Ангел Тилвар, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за севкупната соработка меѓу двете држави во областа на одбраната како на билатерално ниво, така и во рамки на НАТО алијансата.

Претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Северна Македонија да дава свој придонес во колективните напори за зацврстување на безбедноста и стабилноста на НАТО. Наши армиски припадници учествуваат во мултинационалните сили на НАТО, вклучително и во Романија, како дел од одлуката на Алијансата за зацврстување на нејзиното источно крило, по руската агресија врз Украина.

Заблагодарувајќи се за поддршката што Романија ја дава за стратешките определби на нашата држава, вклучувајќи ги аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете држави во сите сфери од заемен интерес.

Share This Article