Американскиот претседател Џо Бајден официјално ја објави својата кандидатура за нов мандат.
Неговата кампања за изборите следната година официјално започна – во форма на триминутно видео кое започнува со еден збор: Слобода, пренесува Би-Би-Си.
Правата на абортус, одбраната на демократијата, правата на глас и социјалната безбедносна мрежа ќе бидат меѓу најважните прашања на гласачкото ливче во 2024 година, според 46-тиот американски претседател.
Тој рече дека гласачите ќе се соочат со избор да остават „помалку или повеќе слобода“ и „повеќе или помалку права“ на следната генерација.
„Секоја генерација Американци се соочи со момент кога мораше да ја брани демократијата, да се залага за личните слободи и правото на глас и нашите социјални права. Ова е наше“, рече Бајден.
Повторувајќи ја пораката од кампањата за 2020 година дека Американците се „во борба за душата“ на својата нација, тој го откри слоганот за 2024 година: „Ајде да ја завршиме работата“.