198 санкции за сообраќајни прекршоци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во текот на вчерашниот ден (24.04.2023) во периодот од 07.00 до 12.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 22 возачи за возење без возачка дозвола, а седум возила биле со неисправен уред за сопирање…

На вонреден технички преглед биле упатени 53 возила, а кај 20 биле констатирани технички неисправности.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Share This Article