More

    Како вашата утринска шолја кафе се најде на нишан на климатските промени?

    spot_img

    За многумина, шолја кафе е суштинско задоволство за започнување на денот, без разлика дали тоа е инстант, еспресо, турско или филтер кафе.

    Доколку сте еден од љубителите на овој пијалок, сигурно би забележале доколку се смени препознатливиот вкус или арома. Една неодамнешна сеопфатна студија открива како климатските промени можат да влијаат на зрната кафе и на сетилно искуство на пијалокот.

    Како вашата утринска шолја кафе се најде на нишан на климатските промени?

    Климатските промени, предизвикани од зголемената емисија на гасови со ефектот на стаклена градина, имаат значително влијание врз развојот на растителните култури и земјоделските активности ширум светот. Новите климатски норми ги диктираат условите на кои земјоделците мора да се прилагодат, поради што има постепено географско поместување во одгледувањето.

    Авторите истакнуваат дека квалитетот на кафето е чувствителен на промените во приливот на светлина, надморската височина, концентрацијата на јаглерод диоксид, порастот на температурата и достапноста на хранливи материи. При промена на еден од наведените фактори, се забележуваат значителни промени во метаболичката активност на растението, што влијае на квалитетот на плодот. За повеќе од милијарда луѓе кои пијат кафе, тоа значи промена на добро познатиот вкус.

    Како ефективни решенија за зачувување на квалитетот пред предизвикот на глобалниот раст на просечните температури, истражувачите ги истакнуваат агрошумарството и одгледувањето на култури поотпорни на климата. Наведените стратегии даваат оправдана надеж дека квалитетот може да се зачува или подобри. За напорите да се намалат негативните ефекти од климатските промени врз семките од кафето, неопходно е да се вклучат сите учесници „од фармата до училиштето“.

    Прочитајте повеќе: https://klima101.rs/kafa-klimatske-promene/

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img