Убавата Брена продава луксузна вила во Мајами која има 400 квадрати.
Популарната пејачка Лепа Брена ја продава својата луксузна вила во Мајами која има 400 квадратни метри, фотографии објави NY Post.
Вилата се наоѓа покрај море, има базен во дворот, шест спални соби, шест бањи и 2.000 долари месечно трошоци само за одржување на имотот. Гаражата за вкупно 6 автомобили е климатизирана, а на приватното прицврстување можат да се сместат јахти долги и до десет метри.
Вилата е изградена во 1950 година, а Живојиновиќи ја купиле во 2012 година.
Сега го огласија на продажба и преку агенцијата Сотби за него бараат вртоглави 16,9 милиони долари, пишува Дневник.хр.
Сепак, постојат сомнежи за кој недвижен имот станува збор. Имено, во Мајами, преку Сотби, на брегот по таа цена се продава само вила во Коконут Гроув, меѓутоа, Јутарњи лист го контактирал продажен агент кој тврди дека не е истата куќа која се огласувала на нивните страници.