More

    Гвардиола: Јунајтед не треба да се плаши, ние сме добри соседи

    spot_img

    Манчестер Сити се пласираше во финалето на ФА Купот откако во полуфиналето го совлада Шефилд Јунајтед со 3-0. Сите три гола ги постигна алжирскиот напаѓач Ријад Махрез.

    Во финалето Сити ќе игра против градскиот ривал Манчестер Јунајтед кој го избрка Брајтон на пенали.

    Екипата на Гвардиола има шанса за тројната круна – се во полуфиналето на Лигата на шампионите, на петиците на Арсенал во Премиершип, а Јунајтед им стои на патот до ФА Купот. Тројната круна во една сезона ја освои само генерацијата на Манчестер Јунајтед во 1999 година.

    Навивачите на „црвените ѓаволи“ се плашат дека нивните омразени ривали ќе го прослават овој колосален успех токму под нос.

    „Не мора да се плашат, ние сме соседи! Соседите секогаш се добри еден со друг“, почна Гвардиола со шеговит тон и продолжи:

    „Се уште сме далеку од титулата, така што во овој момент не е на место да се зборува за тоа. Во шесте години колку што раководам со Сити, загубивме во последната фаза од натпреварувањето, во финалето на Лигата на шампионите или во полуфиналето на ФА Купот. Но, јас сум горд на се што направивме јас и моите колеги. Секако, ја освоивме Премиер лигата. Во спротивно, тука веројатно би имало друг менаџер. Но, јас не сум глупав, знам како да го анализирам тимот и што треба да бидеме на посакуваното ниво на крајот од сезоната“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img