Со доаѓањето на потоплите денови, започна сезоната на јагоди, омилени намирници на многумина кои освен со вкусот не освојуваат и со благодетите за нашето здравје.
Според WebMD, редовното консумирање на јагоди има многу придобивки. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки, пишува Index.hr.
На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија кои можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести.
Покрај тоа, јагодите можат да обезбедат и други здравствени придобивки како што се:
Зачувување на здравјето на срцето и циркулацијата на крвта
Зајакнување на имунитетот
Намалување на ризикот од рак и деменција
Намалување на нивото на холестерол во крвта
Превенција на воспаление во телото
Одржување на здравјето на цревата