За Полјаците, руските напади се исти со оние на нацистите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, ги спореди денеска руските напади на Украина со нацистичките напади за време на Втората светска војна, велејќи дека опколениот Мариупол „денеска изгледа како Варшава 1944 година по бомбардирањето и убивањето цивили од германските нацисти“.

– Моите сонародници, Полјаци, гледаат во Мариупол и зборуваат со солзи во очите: Господи, Мариупол изгледа како Варшава во 1944 година кога нацистите, Хитлерова Германија, брутално бомбардираа куќи, убиваа луѓе, цивили, без милост – изјави Дуда.

Дуда, додаде дека руските лидери и војска се однесуваат на целосно ист начин, „како Хитлер, како германските СС и германските пилоти на фашистичката армија за време на Втората светска војна“.

Полскиот претседател Дуда оваа недела ќе биде домаќин на американскиот претседател Џозеф Бајден во Варшава.

Share This Article