Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер-лет замина за Палермо на полуфиналниот мундијалски бараж против Италија.
Пред заминувањето, македонските фудбалери претпладнево во Скопје го одржаа завршниот тренинг, кој беше од затворен тип на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски утревечер од 19:30 часот ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот „Ренцо Барбера“, а официјалната прес-конференција
Полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар ќе се одигра в четврток со почеток во 20:45 часот.
Капацитетот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо од 36.000 седишта ќе биде максимално исполнет, а „црвено – жолтите“ од трибините ќе имаат поддршка од околу 1.500 македонски навивачи.