Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Малта рано утринава, соопшти Универзитетот во Малта.Земјотресот ги разбуди жителите во неколку градови, објави порталот „Тајмс оф Малта“.
Нема информации дали има повредени во земјотресот.
Американскиот геолошки институт регистрираше дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени.
Земјотресот е почувствуван и во Сицилија и Либија.
Неколку часа подоцна е регистриран уште еден потрес во близина на либискиот брег, со јачина од 4,7 степени.
Од почетокот на годината Малта е погодена од десетици земјотреси, но научниците велат дека повремените бранови на зголемена сеизмичка активност се нормална појава.