Истанбул пред три дена среде ден, неколку минути беше без сонце поради невреме со исклучително темни облаци, метеоролошки феномен кој силно ги вознемири жителите и туристите во неколку милионскиот град.
„Облак дебел седум километри помина над Истанбул. Во меѓувреме, сонцето исчезна пет минути, а денот се претвори во ноќ. Некои коментираа дека доаѓа апокалипсата“, објави турскиот метеоролошки форум „Хава форум“ на Твитер, споделувајќи го видеото.