More

    Ковачевски тврди дека договорот со „Бехтел и Енка“ е чист

    spot_img

    Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д, кој како и секој друг комерцијален договор, е склучен меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачот на работите, во себе содржи заштитни клаузули кои му даваат степен на доверливост на тој договор. Едната од страните во договорот има наведено свои технолошки процеси, техничко-технолошки методи кои ги користи, како и ценовни структури кои не сака да дојдат во посед на нивни конкуренти, со оглед на тоа дека тие работата и на други проекти. Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10д има ниво на доверливост, но тоа не значи дека некој нешто сака да сокрие, изјави премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за телевизија Сител.

    – Договорот ќе биде презентиран на пратениците во Собранието кои го донеле специјалниот закон врз основа на кој се спроведени сите процедура за изведба на ова автопатско решение, Коридор 8 и Коридор 10-д и каде членовите на Владата, кои се од ресорните министерства и членовите на Комитетот за изградба на коридорите 8 и 10-д, во детали со договорот пред нив, ќе им презентираат на сите пратеници она што е потребно за да можат да ги носат наредните одлуки – рече Ковачевски.

    Во однос на вчерашниот одговор од Амбасадата на САД со кој се оградија од договорот на Владата на Северна Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, Ковачевски рече дека во него е многу јасно и точно се наведува дека американската амбасада го поддржува инфраструктурното унапредување на нашата држава.

    – Амбасадата на САД поддржува, исто како што јас поддржувам американски и компании од ЕУ како и од наши партнерски држави да бидат дел од нашите инфраструктурни проекти. Токму ‘Бехтел’ е една од најголемите американски компании во делот на изградба на инфраструктура. Самиот договор е правен врз основа на специјалниот закон и врз основа на запазување на сите процедури. Комитетот кој работеше на подготовка на договорот и сите ресорни министерства ќе им бидат на располагање на пратениците, да им го презентираат, исто како што беа на располагање на медиумите во два наврати преку детални брифинзи да го објаснат. Истото тоа ќе се направи и за експертската јавност и за невладините организации. Целта ни е сите да се уверат дека се работи за проект кој прво е најголем проект, има огромно значење и заедно со другите проекти ќе има позитивен ефект на македонската економија. Овие инвестиции на годишно ниво ќе значат најмалку два отсто зголемување на БДП на државата, зголемување на вработеноста бидејќи голем број на вработени ќе работат на овој проект. Зголемување на економската активност во голем број на области, бидејќи кога се работат вакви големи инфраструктурни проекти не се работи само за конкретни инфраструктурни работи, туку и за придружни индустрии од сместување на работниците, од подготовка на храна, логистика – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img