Во Градина запленети 252 килограми марихуана, уапсен турски државјанин
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Граничниот премин Градина заплениле 252 килограми растителна материја слична на марихуана и го привеле турскиот државјанин А.К.(39), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
При контрола на камионот со турски регистарски таблички управуван од пријавениот, полицијата во товарниот простор пронашла осум кутии во кои имало оваа тревкаста материја слична на марихуана.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Пирот.