More

    Русите случајно со авион го нападнале нивниот град

    spot_img

    Руски воен авион случајно испука муниција врз градот Белгород во близина на границата со Украина во четвртокот доцна навечер, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција Тас, цитирајќи го Министерството за одбрана.Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека две жени се повредени.

    „Додека авионот Сухој Су-34 на воздухопловните сили летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на авијациска муниција“, соопшти Тас, објавувајќи го соопштението на Министерството за одбрана.

    Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор.

    Министерството соопшти дека некои згради се оштетени и најави дека истрагата е веќе во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.

    Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.

    На видеата од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла. На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница.

    Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img