Лошиот вид може да биде предизвикан од повеќе фактори како што се стресот, постојаното изложување на екраните, возраста, недостатокот на сон и слично. Лошата исхрана е поврзана со губење на видот кај постарите лица. Од друга страна, урамнотежена и здрава исхрана може да помогне во одржување на здрави очи, подобрување на видот и намалување на ризикот од развој на очни болести.
Рибата, особено лососот, може да биде одлична за вашиот вид. Рибата е богата со омега-3 масти, здрави масти кои придонесуваат за здрав вид. Јадењето риба може да спречи суви очи и да ја одржи вашата мрежница (на задниот дел на окото) здрава, пренесува TimesOfIndia.
Бадемите се одлични за здравјето на очите. Тие се богати со витамин Е, кој помага да се заштитат вашите очи од нестабилни молекули кои се насочени кон здравото ткиво. Конзумирањето редовни количини на витамин Е може да помогне да ги заштитите вашите очи од дегенерација поврзана со возраста. Сепак, внимавајте да не консумирате премногу бадеми во еден ден бидејќи тоа може да доведе до премногу холестерол. Доволно е да ги консумирате еднаш дневно како ужина.
Јајцата содржат есенцијални хранливи материи за вашите очи, како што се витамин А, лутеин, зеаксантин и цинк. Витаминот А ја штити рожницата. Лутеинот и зеаксантинот го намалуваат ризикот од сериозни проблеми со очите. Цинкот исто така придонесува за здравјето на мрежницата и им помага на очите да гледаат ноќе.Морковите се уште една здрава храна за вашите очи, тие обезбедуваат неверојатен извор на витамин А и бета каротен, кои промовираат добро здравје на очите. Витаминот А и бета каротенот помагаат во заштитата на површината на окото и спречуваат инфекции на очите и други сериозни заболувања на очите.
Кељот е богат со антиоксиданси лутеин и зеаксантин, кои се наоѓаат и во јајцата. Овие хранливи материи можат да помогнат да се спречат сериозни болести на очите. Лутеинот и зеаксантинот не се создаваат во вашето тело, па затоа мора да ги внесувате преку исхраната. Ако кељот не е лесно достапен, можете да го замените со спанаќ, кој исто така е добар извор на лутеин.