More

    Убила погрешен човек, па му нуди стан и пари на семејството!?

    spot_img

    Членови на неаполската мафија контактирале со родителите на 26-годишен маж, кој наводно бил убиен по грешка и неговото тело растворено во киселина. За да им ја надоместат штетата им понудиле исплата од 60.000 евра и стан вреден 120.000 евра, пишува Тајмс.

    Понудата е замисла на Салваторе Камарота и Карло Напи, двајца мафијаши на возраст од 56 и 64 години, кои се обвинети дека го нарачале убиството на Џулио Џачи. Тој градежник бил ликвидиран во 2000 година, кога бил застрелан и му биле искршени забите со чекан, а неговите останки потоа биле растворени во киселина за да се прикријат сите докази за неговото убиство.

    Убијците се преправале дека се полицајци пред да го убијат младиот човек.

    Атентатот бил нерешен долги години, а потоа еден мафијаш, кој излегол од кланот Полверино и почнал да сведочи во корист на државата, за ликвидацијата ги обвини Камарота и Напи. Во исто време, тој тврдел дека се работи за грешка во утврдување на идентитетот и дека всушност тие барале друг човек.

    – Тие трагаа по човек кој се викаше Салваторе, за кој веруваа дека е во врска со внуката на Камарота, кој не им се допаѓаше. Тие, исто така, мислеа дека е член на ривалски мафијашки клан. Им беше кажано дека овој човек ќе биде на одредено место во одредено време – рече Алесандро Мота, адвокат кој го застапува семејството Џачо.

    – Убијците испратени од мафијашките босови се појавиле пред куќата на Џачи облечени како полицајци. Му наредиле да влезе во автомобилот, но по грешка фатиле друг човек. Последното нешто што им го рекол е: „Грешите, јас сум од добро семејство“, а потоа му пукале во глава – додаде адвокатот.

    Случајот неодамна го разрешил човек кој стана сведок-покајник и решил да соработува со италијанските обвинители. Неговото име е Роберто Пероне и на полицијата ѝ рекол дека убиството на Џачи е најтемниот момент во неговата криминална кариера. Тој рече дека станало уште полошо кога сфатил дека фатиле и убиле погрешен човек.

    Џачи имал 26 години кога бил убиен и никогаш пред тоа не бил казнуван. Пред почетокот на судењето Камарота и Напи на семејството Џачи му понудија по 30.000 евра, а Камарота додаде и стан.

    Семејството веднаш ја одбило понудата и бара најстрога казна, особено што никогаш не го добило телото на убиениот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img