На 19.04.2023 околу 14.00 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово -Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Н.Е.(57) од гостиварска Долна Бањица. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело по член 354 став 2 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.