Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 19-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 19–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 27.04.2023 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 18-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2022 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка за 2022 година за Центарот за развој на Југозападен плански регион и за проектот : „одржлив и инклузивен рамномерен развој“
- Предлог – Годишна програма за дополнување на годишната програма за рзвој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Годишна програма за дополнување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за предавање во сопственост на движни ствари – пластични канти за комунален отпад
- Предлог – Правилник за дополнување на Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување еднократна парична помош од Буџетот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски