Магазинот „Максим“ ја прогласи плус-сајз манекенката Ешли Греам за најсексапилна жена во светот во 2023 година.
„Максим“ традиционално ја објави својата годишна листа Жешки 100 за 2023 година, на која ги ставија најуспешните и најубавите жени во индустријата за забавата, спортот и поп културата. На врвот ја ставија Ешли Греам, едно од најпознатите имиња во движењето плус сајз.
„Ешли Греам, кралицата на облините, е здив на свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само да ги прифатиш своите облини, туку да се прифатиш себеси каква што си“, велат во текстот за оваа убавица која беше откриена на 12 години во трговски центар.
„Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жив денес, таа ќе беше неговата Венера“, додале од „Максим“.
Ешли има повеќе од 20 милиони следбеници на Инстаграм, на кои секојдневно им порачува дека мора да го прифатат своето тело, без разлика на големината и обликот. Во 2021 година роди близнаци и гордо позираше гола и објави нефотошопирана фотографија.
Ешли неретко се фотографира гола и ги покажува своите несовршености, со цел да ги поттикне жените да си го сакаат своето тело.
Во првите топ 10 се најдоа и Марго Роби, Ана де Армас, Сем Вевинг, Сабрина Карпентер, Седи Синк, Оливија Родриго, Изабела Мерсед, Џои Кинг и Џоди Комер.
ФОТО: Инстаграм