Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е ангажирана да работи како библиотекарка во затворската библиотека во КПУ „Идризово“ – информира директор на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“ .
Јанева и годинава користела продолжен празничен викенд исто како и минатата година и уредно се вратила во затворот и веќе ги извршува редовните затворски обврски, вели директорот.
– Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски. Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната – вели директорот Јовановски.