Раководството на Баерн го казни напаѓачот Садио Мане со најголемата казна во клупската историја, пренесуваат германските медиуми.
Репрезентативецот на Сенегал го удри соиграчот Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити (3:0) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а неспортскиот испад ќе го чини 350.000 евра, пишува Билд.
Фудбалерите на Баерн се скараа по дуелот со Граѓаните на „Етихад“, а Мане со тупаница удри германски репрезентативец во лице.
Фудбалерите на Баерн се оградија од Мане по инцидентот
Искусниот напаѓач беше отстранет од тимот за натпреварот од последното коло од Бундес лигата против Хофенхајм, а во вторник се врати на тренинзите и ќе биде во конкуренција за вечерашниот реванш со Манчестер Сити.
Сенегалецот минатото лето дојде во баварскиот клуб од Ливерпул и во сите натпреварувања постигна 11 гола на 32 натпревари со пет асистенции.