Будистичкиот водач Далај Лама се најде во центарот на скандал минатата недела, откако побарал од момче да го бакне, а потоа „да му го цица јазикот“. Светот беше шокиран од тој чин, а сега се појави снимка како ја допира пејачката Леди Гага.
На Твитер осамна снимка од 2016 година на која се гледа како будистички лидер ја допира ногата на познатата пејачка.
На видеото се гледа и како Далај Лама седи покрај Леди Гага на конференцијата во 2016 година, а во еден момент ги гледа нејзините искинати фармерки. Потоа со своите прсти ја допира кожата на Гага.
Кога се обидел да го направи истото и на другата нога на пејачката, таа го зграпчила за рака и го запрела. Гага едвај насмеана се обидела да му ја тргне раката, додека будистичкиот водач цело време се смешкал.
По чинот со детето со кое Далај Лама предизвика силен револт, тој ѝ се извини на јавноста што бакнал младо момче во уста и го замолил да му го „цица јазикот“ на настан во Индија.
Британскиот инфлуенсер Оли Лондон, кој го објави ова видео на Твитер, изјави дека Далај Лама сексуално нападнал дете, па прашал зошто медиумите не зборуваат за ова?