More

    Амбасадорот на ЕУ и американскиот дипломатски конвој нападнати во Судан

    spot_img

    Дипломат на Европската унија е нападнат во Судан, соопшти доцна во понеделникот високиот претставник на ЕУ, додека шефот на американската дипломатија потврди дека во понеделникот во оваа африканска земја бил нападнат и американски дипломатски конвој.

    Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека амбасадорот бил „нападнат“ во неговата резиденција, но не даде повеќе информации за нападот или напаѓачите, пишува агенцијата dpa. Засега не се знае дали е повреден амбасадорот, иако дипломатски извори јавуваат дека не е повреден Ирецот Ајдан О’Хара, претставник на ЕУ во таа африканска земја.

    Суданските сили за брза поддршка нападнаа американски дипломатски конвој во понеделникот, изјави во вторникот американскиот државен секретар Антони Блинкен, опишувајќи го инцидентот како „непромислен“ и „неодговорен“.

    Инцидентот го натера Блинкен директно да ги повика шефот на таа паравоена единица, генералот Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемедти, и началникот на армијата на Судан, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан. Тој им рекол дека секоја закана за американските дипломати е неприфатлива, пренесува Ројтерс.

    „Можам да потврдам дека вчера беше пукано врз американскиот дипломатски конвој“, рече американскиот државен секретар на прес-конференција во јапонското летувалиште Каруизава каде што учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на групата Г7.

    Дадов до знаење дека секакви закани за напад и опасност за нашите дипломати не се прифатливи“, рече Американецот, додавајќи дека дипломатите се безбедни.

    „Ние сме длабоко загрижени за целокупното безбедносно опкружување кое ги погодува цивилите, дипломатите, како и хуманитарните работници“, нагласи тој.

    Блинкен рече дека САД се во тесна координација со земјите кои имаат влијание врз Судан, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Велика Британија, како и со Африканската унија и други меѓународни организации.

    Досега најмалку 185 лица загинаа во борбите во Судан, а повеќе од 1.800 се повредени од двете страни, во судирите кои вклучуваат воздушни и артилериски напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img