More

    Груби вели дека ДУИ е единствена партија без корупциски афери

    spot_img

    Има многу членови во ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа како „голтари“, а излегоа како милионери од политиката, рече синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно изјави дека многу политичари во Македонија од сиромашни по неколку години бавење со политика од „голтари“ стануваат милионери.

    Груби рече дека ДУИ се единствена партија која нема корупциски афери и скандали.

    – Го повикувам Мицкоски да се обрати до обвинителството ако има докази за корупција. Тоа што Мицкоски го зборува може да земе пример од неговите поранешни партиски членови, кои влегоа „голтари“ а излегоа милионери од политиката – рече Груби.

    Тој претходно рече дека не го познава доволно Мицкоски, но изрази надеж дека тој е за членство во ЕУ.

    – Нас ни треба опозиција која не се среќава со рускиот амбасадор. Без разлика што Апасиев се сретна со него, но сепак сакам да верувам дека ВМРО не се во коалиција со Левица. Сакам да верувам дека опозицијата е ориентирана кон западните вредности. Не го познавам ова ВМРО-ДПМНЕ, не го познавам доволно добро Мицкоски и не знам какви вредности споделува Мицкоски, но сакам да верувам дека споделуваме исти вредности – додаде Груби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img