Неколку десетици илјади Чеси протестираа денеска во центарот на Прага барајќи оставка на владата, прекин на испораката на оружје за Украина, напуштање на политиката за животна средина на Европската Унија, а некои бараа и излез од НАТО.
Демонстрантите, кои се собраа на Вацлавскиот плоштад на покана на новата вонпарламентарна партија Закон, почитување и експертиза (УЈП), ја обвинија владата на Петр Фијала дека не презема ништо за да ја спречи сиромаштијата во државата.
„Оставка“, „Надвор од НАТО“, „Не за војната“, „Лажлива влада и медиуми“, „Владата на Фијала ни ги краде парите и правата“, се дел од транспарентите што ги носеа демонстрантите, заедно со многу чешки национални знамиња.
Водачот на УЈП, поранешениот фудбалски функционер Јиндрих Рајхл, изјави дека се собрале „да застанат покрај својата земја Чешка“.
– Сакаме да ја собориме коалициската влада на пет партии предводена од Фијала преку ненасилен граѓански протест. На демонстрациите се изразува протест не само против економската беда, туку и против моралната беда. Не сте во можност да владеете, подигнете ги последните остатоци од честа и поднесете оставка – рече Рајхл.