Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, завршил во болница откако со својот теренски автомобил се судрил со трамвај во Рим, објави клубот на својата веб-страница.
Според најновите информации, тој има скршени ребра и ќе мора да остане на мониторинг некое време. Во сообраќајката имало и други повредени, но никој не е во животозагрозувачка состојба.
Имобиле оваа сезона одигра 30 натпревари за Лацио во сите натпреварувања и постигна 12 гола, а имаше и пет асистенции.