Автобус со ученици од Ниш денеска околу 15 часот ја проби железната банкина на автопатот кај Баточина во Србија, меѓу Белград и Ниш, но за среќа нема повредени ученици, јавија српски медиуми.
Според неофицијални информации, автобусот кој превезувал ученици ја пробил заштитната ограда и застанал, откако на возачот на автобусот му се слошило.
Тој се здобил со повреди, додека според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош.
Станува збор за учениците од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.