More

    Ефектот на алкохолните пијалоци врз крвниот притисок

    spot_img

    Конзумирањето големи количини на алкохол може да го подигне крвниот притисок на нездрави нивоа.

    Ако испиете повеќе од три пијалоци одеднаш, вашиот крвен притисок привремено се зголемува, додека постојаното пиење може да доведе до долгорочни проблеми.

    За да разберете колку алкохол е премногу и како прекинувањето на консумирањето алкохол може да го намали крвниот притисок, треба да ја знаете дефиницијата за прекумерно пиење.

    Прекумерното консумирање алкохол се дефинира како четири или повеќе пијалоци во рок од два часа за жени и пет или повеќе пијалоци во рок од два часа за мажи.

    Умерена потрошувачка се смета за пиење до еден пијалок дневно за жени, два за мажи.

    Обилното пиење е повеќе од три пијалоци дневно за жени и четири за мажи.

    Луѓето кои го намалуваат внесот на алкохол од тежок до умерен може да го намалат својот врвен број во отчитувањето на крвниот притисок (систолен притисок) за околу 5,5 милиметри жива и нивниот долен број (дијастолен притисок) за околу четири милиметри жива.

    Ако имате висок крвен притисок, избегнувајте алкохол или пијте само умерено. За здрави возрасни лица, тоа значи до еден пијалок дневно за жени и до два пијалоци дневно за мажи.

    Умерена потрошувачка е, на пример, 355 милилитри пиво, 148 милилитри вино или 44 милилитри алкохолни пијалоци.

    Имајте на ум дека алкохолот содржи калории и може да придонесе за несакано дебелеење, велат од клиниката Мејо.

    Исто така, алкохолот може да влијае на дејството на лековите за крвен притисок на начин што ги зголемува несаканите ефекти на лековите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img