30-годишната Кармен Сервело нурка во близина на атолот Ваву на Малдиви со јато ајкули-негувателки, кога ненадејно од зад грб една од нив приоѓа и ја гризнува за рамото, може да се види на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи.
Сервело и нејзиниот пријател Ибрахим Шафиг (37), подводен фотограф, кој ја снимил целата снимка, слободно пливале со јатото ајкули повеќе од 45 минути пред да се случи нападот.
За среќа, раната не била длабока, па успеала веднаш да ја санира на плажата, а потоа, на изненадување на многумина, повторно отишла на пливање, пишува Дејли Мејл.
Ајкулите-негувателки (Nurse shark) спаѓаат во релативно безопасните видови ајкули, но непријатни изненадувања се секогаш можни.