More

    Францускиот суд го потврди контроверзното зголемување на возраста за пензионирање предложено од Макрон

    spot_img

    Францускиот суд го потврди контроверзното зголемување на возраста за пензионирање предложено од претседателот Емануел Макрон. Со него се предвидува поместување на старосната граница од 62 на 64 години, а овој предлог предизвика масовни протести низ Франција.

    Во исто време, највисокиот уставен орган на Франција ги отфрли повиците на политичките противници за референдум. Сепак, Уставниот совет соопшти дека некои членови од контроверзната реформа имаат правни пропусти.

    Денеска претпладне во Париз вооружените полицајци беа на готовност во близина на силно обезбедуваната зграда на Уставниот совет, деветчленото тело кое одлучува дали некој закон е уставен.

    Откако Емануел Макрон го искористи своето уставно право да воведе пензиски реформи без гласање или дебата во парламентот, улиците на Франција експлодираа од насилство и милиони излегоа да го изразат својот револт од реформата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img