More

    Скопјанец на 32-годишна возраст во автосервис во Чаир збеснал и со тврд предмет нападнал четворица од вработените, како и еден обезбедувач на службена должност

    spot_img

    Скопјанец на 32-годишна возраст во автосервис во Чаир збеснал и со тврд предмет нападнал четворица од вработените, како и еден обезбедувач на службена должност, информира МВР во билтенот. Не е наведено што толку го налутило скопјанецот, но се наведува дека тој ќе одговара по брза постапка, затоа што нападнал службено лице.

    „Денеска (14.04.2023) од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство” и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност”, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.

    Тој се сомничи дека на 13.04.2023 во 14.00 часот во авто-сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија. Во координација со Јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img