Албанскиот премиер Аљбин Курти положи цвеќе на споменикот „Хероина“, по повод Денот на сеќавање на жртвите на сексуалното насилство за време на војната во Косово.
Курти рече дека ова е комеморација на „илјадници жени и девојки, мажи и момчиња, жртви и преживеани на сексуално насилство, што беше користено како оружје за војна од страна на српските окупаторски сили во последната војна на Косово“, објави косовската влада.
Владата на Косово неодамна на предлог на претседателката Вјоса Османи го прогласи 14 април за Ден на сеќавање на жртвите на сексуалното насилство.