По повод Велигденските празници на Плоштадот ,,Цар Самоил” денеска на Велики Четврток се одржа манифестацијата ,, Велигденски хепенинг 2023” во организација на Општина Ресен и Домот на култура,, Драги Тозија“.
На настанот зедоа учество учениците од гимназијата, основните општински училишта, градинката и здруженијата кои се претставија со велигденски украси , вапсани јајца, храна и ракотворби кои самостојно ги изработија.
Преубавите изработки кои беа во духот на нашата традиција и култура беа изложени на поставените штандови пред општината.
Исто така на настанот учество зедоа и играорците од КУД „Таше Милошевски“ кои со изведбата на традиционални ора го збогатија самиот настан.
Да ги негуваме и чуваме нашата традиција и нашата култура.
За многу години!