More

    Уставниот суд оформи предмет сличен на тој за функционерите

    spot_img

    Уставниот суд во текот на март оформил 14 нови предмети за поднесени иницијативи и барања од граѓани. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

    Меѓудругите, оформен е предмет за иницијативата на адвокатот Владимир Николоски со која се оспорува Член 5-а од Законот за платите на судиите. Подносителот наведува дека во оспорениот член основицата е фиксно утврдена и изнесува 25.726 денари со примена од декември 2011 година. Наведувањето на фиксниот износ е спротивен на членот 5 од истиот Закон, како и членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица, смета подносителот. Во иницијативата се наведува дека фиксниот износ е понизок и од минималната плата во бруто износ од март 2022 до февруари 2023 година и поради тоа е во спротивност со економските права кои според Уставот треба да ги има секој граѓанин.
    Исто така оформен е предмет за иницијатива поднесена од СОНК со која е оспорен Член 166-б од Законот за изменување на Законот за заштита на деца („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.236/22).

    „Оспорениот член, кој опфаќа методологија на пресметка на плата доведува до намалување на платата на вработените во одредени градинки кои работат на работно место воспитувач, со завршено вишо образование VI/1 степен, односно платата на оваа категорија на вработени е пониска од платата на вработените со повисок степен на образование за исто работно место. Подносителот смета дека ваквиот начин на пресметка на платата создава можност, за иста работа, на исто работно место, да се остварува различна основа на плата, која не е резултат на сработеното, туку резултат на различен степен на образование“ – информира Уставниот суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img