More

    Макрон не се кае што рече дека нема да биде американски вазал

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон не се кае што изјави дека Европа не треба да биде вазал на САД во врска со прашањето за Тајван. При неговата посета на Холандија тој рече дека Франција нема што да научи ниту уд Украина, ниту од театарот во Сахел, ниту од Тајван, пишува Политико.

    – Кога ги гледаме фактите, Франција нема што да учи лекции од никого, ниту во украинскиот театар, ниту во театарот Сахел, ниту во тајванскиот театар – рече Макрон на заедничката пресконференција со холандскиот премиер Марк Руте.

    Тој појасни дека да се биде сојузник со САД не значи да се биде вазал и дека „само затоа што правиме работи заедно што ќе одлучиме да ги правиме, не значи дека немаме право да размислуваме сами и дека ние ќе ги следи најекстремните луѓе во земја која е сојузник со нас“.

    При самата посета на универзитет во Амстердам во вторникот средата холандската полиција совлада и приведе демонстрант в откако тој истрча кон Макрон и почна да вика.

    На изјавата на Макрон бурно реагираа повеќе челници во Европа, но и во САД кои не се согласуваат дека Европа треба да биде трет пол, независна и од САД и од Кина.

    Сега, пишува Политико, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок оди во Кина за да го претставува Берлин, но најверојатно ќе има повеќе за објаснување во врска со изјавите на францускиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img