More

    Постојат сомнежи дека некој го труе во затворот

    spot_img

    Најпознатиот руски дисидент и опозициски лидер, Алексеј Навални, боледува од непозната болест, чии симптоми можно е да ги стекнал со бавно труење, бидејќи само во последниве две недели изгубил осум килограми од својата тежина, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш, пренесуваат британските медиуми.

    „Не ја исклучуваме можноста Алексеј Навални да бил отруен и полека да умре за да не привлече премногу внимание“, напиша Јармиш на Твитер.

    Таа додаде дека Навални бил држан во затворската ќелија и имал силни болки без да добие лекарска помош.

    Поранешниот адвокат, кој стана познат пред повеќе од една деценија, откако почна отворено да зборува за богатењето на елитата околу претседателот Владимир Путин и притоа изнесе обвинувања за масовна корупција, долго време предвидуваше дека Русија би можела да се соочи со големи политички пресврти, забележуваат британските медиуми.

    Во 2020 година, Навални преживеа очигледен обид за труење во текот на авионски лет од Сибир за Москва, а тестовите во западните лаборатории покажаа дека станува збор за нервниот агенс Новичок. Руските власти негираа дека се обиделе да го убијат.

    Британските медиуми потсетуваат дека по труењето Навални се лекуваше во Германија, а во 2021 година доброволно се врати во Русија, каде што беше уапсен веднаш по неговото слетувањ ена московскиот аеродром и осуден на затвор за случај на измама, што тој го опиша како политички мотивиран.

    Јармиш во твитот додава дека заради мистериозната болест на рускиот опозициски лидер во ноќта меѓу петокот и саботата во добро чуваната казнена колонија ИК-6 во Мелехово, крај Москва, каде тој е чуван, била повикана итна медицинска помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img