Главната причина за лошите резултати на Челзи е – неефикасноста.
Сините од Лондон сега поминаа четири последователни натпревари без голови во сите натпреварувања за прв пат од 1993 година.
По редослед: Астон Вила 0:2, Ливерпул 0:0, Вулверхемптон 0:1, Реал Мадрид 0:2.
Статистиката вели дека играчите на Челзи упатиле десет удари кон голот на Реал, што статистички е нивниот најдобар учинок во Лигата на шампионите од ноември 2013 година, кога на мечот со Јувентус стрелаа 13 пати кон голот.
И уште еден поразителен факт: оваа сезона доживеаја повеќе порази отколку што забележаа победи – поразот од Реал им е 16-ти сезонава во сите натпреварувања, а за тоа време остварија една победа помалку.
Čelzi ne bil tolku loš od 1993 godina.