More

    Кучињата што го нападнале и го искасале до смрт осумгодишното дете во скопската населба Пинтија биле регистрирани  во Кинолошкиот сојуз

    spot_img

    Кучињата што го нападнале и го искасале до смрт осумгодишното дете во скопската населба Пинтија биле регистрирани  во Кинолошкиот сојуз, објави МИА.

    Претседателот на Кинолошкиот сојуз, Јордан Христовски, вели дека се работи за кучиња од расата англиски мастиф – кучиња од поголем раст, но, како што рече, тие – Се работи за кучиња од поголем раст, меѓутоа напоменувам дека кучињата учествувале на изложби, што значи дека се социјализирани затоа што на изложби за убавина мора кучињата да бидат добро одгледани и социјализирани со други животни и со луѓе – вели претседателот на Кинолошкиот сојуз Јордан Христовски во изјава за МИА.

    Осумгодишното дете починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, а за време на нападот во дворот било присутно и другото куче. По нападот, детето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.

    Претходно денеска од ОЈО Скопје информираа дека на местото на несреќата е направен увид од страна на јавен обвинител и дека се преземаат мерки за испитување на целиот случај. Кучињата сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img