More

    Маск му рече на новинарот на Би-Би-Си дека не знае што зборува

    spot_img

    Познатиот милијардер Илон Маск обвини репортер на Би-Би-Си дека лаже оти на Твитер имало повеќе говор на омраза откако Маск станал газда. Во интервјуто, американскиот новинар Џејмс Клејтон тврдеше дека тој лично видел повеќе „содржини со омраза“, коментирајќи ја констатацијата на репортерот на Би-Би-Си.

    Маск тогаш побара од Клејтон да дефинира што мисли под „содржина со омраза“ и да даде барем еден пример на навредлива објава што ја видел.

    Клејтон одговори дека ја гледа „содржината со омраза“ како „малку расистичка“ и „малку сексистичка“, но се бореше да даде какви било примери, признавајќи дека всушност не го користел Твитер неколку недели.

    – Тогаш, велам, господине, дека не знаете што зборувате. Не можете да дадете ниту еден пример за содржина со омраза, ниту еден твит. А сепак, тврдевте дека содржината со омраза ја има многу. Само што излажавте – одговори Маск.

     

     

    Маск исто така призна би го продал Твитер ако го најде вистинскиот човек бидејќи водењето на компанијата откако ја купил бил прилично болно и како да си на тобоган. Ова славниот милијардер го изјави во интервју за Би-Би-Си.

    За своите контроверзни твитови Маск вели:

    – Дали сум си пукал во ногата со твитови повеќе пати? Да. Мислам дека не треба да твитам по 3 часот наутро…

    Претходно, Твитер го означи Би-Би-Си со етикета „медиум финансиран од владата“, заедно со уште неколку други медиуми. Би-Би-Си реагираше па сега етикетата ќе гласи „јавно финансиран медиум“. Ова Маск го потврди во интервјуто велејќи дека има голема почит кон Би-Би-Си.

    Поранешниот извршен директор на Твитер, Брус Дејсли, кој осум години го водеше бизнисот во Европа, Блискиот Исток и Африка, коментираше дека интервјуто „ни даде одреден увид во чудниот живот на овој милијардер“.

    – Тој денеска призна дека единствената причина поради која го купил Твитер е затоа што верувал дека судијата ќе го присили да ја заврши трансакцијата – изјави Дејсли.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img