More

    Шакира си има проблем со папараците

    spot_img

    Славната пејачка Шакира неодамна со своите деца се пресели во Мајами, Флорида, САД, по разделбата со шпанскиот фудбалер Жерард Пике.

    „Во овој миг на промени во мојот живот како јавна личност, разбирливо е дека постои постојана медиумска љубопитност за мене и моето семејство. Сепак, моите деца Милан и Саша преживеаја тешка година, трпејќи постојана опсада и немилосрдно прогонство од страна на папараците и разни медиуми во Барселона“, пишува латино-ѕвездата, упатувајќи им порака на папараците.

    Таа верува дека новинарите и фотографите ќе бидат доволно чувствителни кон двете деца на возраст од 8 и 10 години.

    „Сега кога (децата) почнуваат нова фаза во нивните животи, ги замолувам медиумите, во име на моите деца – да го почитуваат нивното право на приватност. Ве молам да не ги следите до влезот или излезот од училиштето, да не ги чекате на вратата од нашата куќа и да не ги следите до нивните воннаставни и рекреативни активности за да ги добиете најдобрите можни слики и видеа, како што тоа се случуваше секој ден во Барселона. Оваа молба ја упатувам не како уметник, туку како мајка која сака да си ги заштити и да се погрижи за психичката и емоционалната благосостојба на своите деца“, повика пејачката.

    Таа истакнува дека на своите деца сака само да им пружи среќен, здрав и безгрижен живот, каков што секој родител би посакал за своето дете.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img