More

    Министерот Конашенков задоволен од уништувањето на „специјални објекти“

    spot_img

    Руската армија денеска соопшти дека ќе продолжи да ја користи својата најсовремена хиперсонична ракета за гаѓање исклучително важни цели во Украина.

    Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека хиперсоничната ракета „Кинжал“ „ја докажала својата ефикасност со уништување на добро обезбедени специјални објекти“.

    Конашенков истакна дека ракетата „Кинжал“ била употребена во петокот при нападот на магацинот за ракети во Делијатин, кога првпат тоа ново оружје беше употребено во борба.

    Новата ракета е употребена и во нападот на складиштето за гориво во Костијантиновка, во близина на црноморското пристаниште Миколаев, во текот на викендот.

    – Ракетите „Кинжал“ беа истрелани од далечина поголема од 1.000 километри – изјави Конашенков.

    „Кинжал“, едно од многуте хиперсонични оружја што Русија ги разви во изминатите години, има дострел од 2.000 километри и лета со брзина десет пати поголема од брзината на звукот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img