Вулканот Шивелуч на Камчатка еруптираше во понеделникот и исфрли пепел во висина до 10 километри. Облакот од пепел се проширил до 400 километри во околината. Фотографиите од местото на настанот изгледаат „фотошопирани“ и го прикажуваат просторот покриен со дебел слој пепел како снег. Шивелуч е еден од најактивните вулкани во Русија, а неговата последна голема ерупција беше во 2007 година. Камчатка има 160 вулкани, од кои околу 20 се активни.