Фудбалскиот прволигаш најави дека летово ќе организира претсезонски турнир во САД на кој ќе учествуваат шест екипи.
Челзи, Њукасл, Астон Вила, Фулам, Брајтон и Брентфорд ќе одиграат девет натпревари од 22 до 30 јули во пет градови – Атланта, Орландо, Филаделфија, Харисон, Ладновер.
Иако големите англиски клубови веќе одиграа претсезонски натпревари во САД, ова е првпат Премиер лигата да го организира турнирот.
Премиер лигата соопшти дека овој турнир е дел од нејзината „тековна посветеност на своите навивачи од САД“.