Дали некогаш сте скршиле јајце и сте виделе светло жолта, темно жолта, па дури и портокалова боја? Бојата на жолчката може да биде различна поради многу причини, но главната не е колку е здраво јајцето.
Имено, еден од најголемите фактори што ја одредува бојата на жолчката е храната со која кокошката била хранета. Студијата објавена во 2022 година ја разгледа бојата на жолчката на две групи кокошки. Едната група се хранела со основна исхрана, додека другата група примала основна исхрана плус додаток на каротеноид, пренесува Zapodjena.rs.
Бојата на жолчката на втората група беше значително различна. Истражувачите откриле дека диететските каротеноиди можат да ја подобрат бојата на жолчката.
Што точно ни кажува бојата на жолчката?
Според тоа, бојата на жолчката е повеќе поврзана со исхраната на кокошките и не ни кажува ништо за севкупната хранлива вредност на тоа јајце.
„Хранливата вредност на јајцето е одредена од фактори како што се содржината на протеини, профилот на аминокиселините и содржината на витамини и минерали“, објаснува д-р Фернандо Циснерос, глобален менаџер за исхрана и здравје на животните на DSM.
Додека жолчките може да варираат по боја од бледо жолта до темно портокалова, „поздравите кокошки ќе имаат повеќе каротеноиди во јајцата, што ќе произведе златна жолчка“, објаснува Фернандо. Значи, за да добие златни жолчки, кокошката мора да добие квалитетна храна и добро сточарство – и уште поважно, да биде здрава.