Во Баерн беа разочарани, не одиграа лошо, но го претрпеа најтешкиот пораз во Лигата на шампионите од Манчестер Сити од септември 2017 година, кога загубија и од ПСЖ со 3:0.
„Секако дека резултатот е катастрофален за нас. Не ја добивме заслужената награда за трудот што го вложивме. Игравме карактерно и храбро, заслуживме да постигнеме барем еден гол“, изјави по мечот Томас Тухел.
Новиот тренер на Баерн вели дека и покрај убедливиот пораз видел многу добри работи.
„Ми се допадна како игравме, се заљубив во мојот тим, во начинот на кој се претставувавме. Колку и да звучи чудно, вечерва беше многу забавно“.
Тухел е свесен дека за возврат го чека тешка работа.
„Ќе се обидам да ги тргнам од памет моите играчи за резултатот од натпреварот. Не е реално според прикажаното на теренот. Ќе биде предизвик да се фокусираме на работите што ги направивме добро“.
Реваншот во Минхен е закажан за 19 април.